Што се субвенции?
(Prämienverbilligung / Subside)
Субвенции претставува финансиска помош од кантонот со која државата покрива дел од месечната премија за основното здравствено осигурување (LaMal).
Кој може да има право на субсидии?
- лица со ниски или средни приходи
- семејства со деца
- самохрани родители
- студенти
- лица со делумен работен однос
- новодојдени во Швајцарија
Што покриваат субвенциите?
Постојат многу услуги и широка палета, ова е мал дел:
Дел од месечната премија за основното
Субвенцијата покрива дел од месечната премија за основното здравствено осигурување (LaMal), со што ја намалува твојата месечна обврска.
Субвенциите се исплаќаат:
- директно на касата или
- преку намалена месечна фактура
Субвенциите не важат за:
Ова се некои случаи
Дополнителното осигурување
Субвенцијата не важи за дополнителните осигурувања, иако се неопходни за нашето здравје, но се третираат како доброволни и приватни.
Други приватни осигурувања
Субвенцијата не се применува на осигурувања како автомобилско, животно или правна заштита.
Колку можеш да намалиш
Од неколку стотици CHF годишно
Во зависност од твојата ситуација, субвенцијата може да ти заштеди неколку стотици франци годишно.
До 100% намалување на премијата
Во одредени случаи, субвенцијата може целосно да ја покрие премијата за основното здравствено осигурување (LaMal).
Висината зависи од:
Кантонот
Секој кантон има свои правила и износи за субвенции, па поддршката се разликува по место на живеење.
Приходот
Колку се пониски твоите приходи, толку е поголема субвенцијата што можеш да ја добиеш.
Број на членови во семејство
емејствата со повеќе членови имаат право на повисока вкупна субвенција.
Кога и како се аплицира
Ова се прашања што најчесто ги интересира луѓето
(1) Еднаш годишно
Барањето за субвенција се поднесува еднаш годишно и важи за целата календарска година.
(2) Кантонално ниво
Секој кантон има свои правила и рокови за апликација. Во зависност во кој кантон живееш, се адаптираш на нивните критериуми.
(3) Ретроактивна апликација
Во одредени случаи, можно е да се добие субвенција и за претходни месеци ако апликацијата е поднесена навреме.
(4) Пошта или on-line
Апликацијата може да се поднесе онлајн или по пошта, зависно од кантонот
Направи бесплатна анализа
Адаптирај го твоето осигурување
Најчести грешки што ги прават луѓето
Луѓето не се свесни кога не се доволно информирани дека:
Не аплицираат
Мислејќи дека немаат право или не ги исполнуваат критериумите.
Пропуштен рок
Многу често не се навремено информирани до кога најдоцна може да се поднесе апликација
Неточни информации
При собирањето податоци, не знаат кои точно документи им се потребни за апликација.
Непријавени промени
Стутусот на една особа може да се менува. Забораваат или не знаат дека треба да пријават промена (брак, деца, работа)
Промена на приход
Дури и доколку им се зголеми приходот, тие се уште имаат можност да добијат субвенции. Најчесто не аплицираат, мислејќи нема да добијат заради зголемен приход.
Како помагаме ние при апликација?
(само за наши клиенти)
Анализа
Дали имаш право и дали те следува
Апликација
Ние ја правиме целата апликација за тебе и тоа целосно бесплатно (само за клиенти)
Проверка
Детално ги прегледуваме сите твои документи за да знаеме дали е целосно досието
Комуникација
Комуницираме со кантоналните служби за да го олесниме твојот процес (па дури и ако би немал јазични бариери)
Поддршка низ процесот
Во текот на година доколку има било каква потреба за промена на документ или ситуација
Долгорочна соработка
Нашиот тим ја гради довербата со клиентите долгорочно - ние сме нивна поддршка