Што е Основно Осигурување?
( LaMal / KVG )
LaMal (KVG) е задолжително основно здравствено осигурување во Швајцарија. Секое лице кое живее или работи во Швајцарија мора да има активна LaMal полиса.
Што значи тоа за тебе:
- Иста законска покриеност кај сите осигурителни каси
- Разликата е во цената, услугата и моделот, не во основните права
Кој мора да има LaMal?
- Лица со престој или работа во Швајцарија
- Новодојдени (рок: 3 месеци)
- Деца и новороденчиња
- Студенти и семејства
- Лица со семејно спојување
Важно: Осигурувањето важи ретроактивно од датумот на влез / престој.
Што покрива основното?
Посети кај лекар
Покрива прегледи и третмани кај матичен лекар и специјалисти според условите на осигурувањето.
Болничко лекување (општа класа)
Вклучува престој и лекување во болница во општа соба, согласно задолжителното осигурување.
Лекови на официјалната листа
Ги покрива лековите кои се наоѓаат на официјалната листа одобрена од здравствените власти.
Итни случаи
Обезбедува покривање на трошоци при итни медицински состојби што бараат итна интервенција.
Бременост и породување
Ги покрива медицинските услуги поврзани со бременост, породување и постпородилен период.
Основни превентивни прегледи
Вклучува основни превентивни прегледи и контроли за рано откривање на здравствени проблеми.
Што НЕ покрива основното?
Забна медицина (во повеќето случаи)
Вообичаено не е покриена, освен во специфични медицински оправдани случаи.
Приватна болничка соба
Овозможува престој во приватна или полу-приватна соба, доколку е вклучено дополнително осигурување.
Алтернативна медицина (освен ако е вклучена)
Не е покриена, освен ако експлицитно е вклучена во дополнителното осигурување.
Очила и контактни леќи (освен исклучоци)
Генерално не се покриени, освен во одредени медицински оправдани исклучоци.
Фитнес
Не е покриен од задолжителното осигурување, освен ако не е дел од дополнителна здравствена понуда.
Франшиза и учество во трошоци
Што е франшиза?
Франшиза е износот што ти го плаќаш сам годишно пред осигурувањето да почне да покрива.
Опции (возрасни)
2'500 CHF
(највисока)
500 / 1’000 / 1’500 / 2'000 CHF
(финансиски неисплатливи)
300 CHF
(најниска)
Дополнително учество
10%
од трошоците
700 CHF
максимум годишно (возрасни)
Пример низ бројки - франшиза 2'500 CHF
Да претпоставиме дека имаш франшиза од 2’500 CHF и во текот на годината имаш медицински трошоци од 4’000 CHF.
(1) Прво ја плаќаш франшизата:
Ти плаќаш 2’500 CHF (целосно од свој џеб)
(2) Потоа дополнителното учество (10%):
- Останати трошоци: 1’500 CHF
- 10% од тоа = 150 CHF
(3) Вкупно што ти плаќаш ти:
- 2’500 CHF (франшиза)
- 150 CHF (учество)
👉 2’650 CHF вкупно
(4) Осигурувањето покрива:
- 1’350 CHF
Модели на осигурување
(каде се штеди најмногу)
Матичен лекар / Hausarzt / Médecin de famille
Прво се обраќаш кај твојот матичен лекар, кој го координира понатамошниот третман, а за тоа плаќаш пониска месечна премија.
Телефонски лекар / Telmed
Секогаш започнуваш со телефонска или онлајн консултација, а потоа те упатуваат кај лекар ако е потребно, што овозможува значителна заштеда на премијата.
Комби / Combi
комбиниран модел каде што прво мораш да контактираш Telmed или матичен лекар, а потоа можеш да бидеш упатен кај специјалист или HMO, со што добиваш поголема флексибилност од Telmed и пониска премија од Standard моделот.
Стандард
Имаш целосна слобода да избираш кој лекар или специјалист ќе го посетиш, но ова е најскапиот модел.
Мрежа на Доктори / HMO
Кај HMO моделот, прво секогаш одиш во одреден здравствен центар (HMO), каде што тим лекари го координира целиот твој третман, а за возврат добиваш значително пониска месечна премија.
Колку CHF чини премијата?
Наместо фиксна цена, важно е да се знае дека цената на LaMal варира од лице до лице, бидејќи се пресметува индивидуално според неколку клучни фактори:
Кантонот
Премијата се разликува од кантон до кантон поради различни здравствени трошоци и тарифи.
Возраста
Колку си постар, толку е повисока премијата, бидејќи се зголемува веројатноста за користење здравствени услуги.
(1) 0-17 години / (2) 18-25 години / (3) 26+ години
Франшизата
Повисока франшиза значи пониска месечна премија, пониска франшиза повисока месечна премија.
Моделот
Изборот на модел (Standard, Hausarzt, Telmed или HMO) директно влијае на премијата, иако покривањето останува исто.
Важно: Две лица со исто покривање може да плаќаат и 200–300 CHF разлика годишно – само поради избор на каса и моде
Што претставува АНАЛИЗА за тебе?
Бесплатна
Анализата е целосно бесплатна и без обврска, со цел да добиеш јасна слика за твоето здравствено осигурување.
Споредба на повеќе каси
Ги споредуваме понудите од повеќе здравствени каси за да го најдеме најдобриот однос цена–покривање за тебе.
Македонски јазик
Целата анализа и комуникација се одвиваат на македонски, јасно и разбирливо, без комплицирани термини.
Професионални совети
Добиваш објективни и стручни совети базирани на твојата реална ситуација, а не на продажба на одредена каса.
Поддршка низ процесот
Те водиме чекор по чекор – од анализата до финалниот избор и административната постапка.
Долгорочна соработка
Остануваме твој контакт и по изборот, за промени, прашања и оптимизација во иднина.
