Што е сложена каматна стапка?
Сложената камата значи дека не заработуваш камата само на уплатените пари, туку и на каматата што веќе си ја заработил.
Со други зборови:
Парите почнуваат да работат за тебе.
Ова создава т.н. ефект на снежна топка – колку подолго време, толку побрз раст.
Многумина мислат дека треба да инвестираат „многу пари“.
Во реалноста, најважно е кога ќе почнеш.
Како тоа функционира сложената камата
кај 3a столбот?
Месечни инвестиции
Секоја година инвестираш одреден износ и постепено градиш капитал без да чувствуваш финансиски притисок.
Инвестирани средства
Парите не стојат пасивно, туку работат за тебе преку инвестиции прилагодени на твојот профил и толеранција на динамичност.
Камата на камата
Добивката се додава на постојниот капитал – сè што ќе се заработи се реинвестира и го зголемува вкупниот износ.
Нова поголема камата
Наредната година каматата се пресметува на поголема сума – токму тука настанува ефектот на „камата на камата“, каде растот со тек на време станува сè побрз.
Различни начини на инвестирање
„Имам слобода да го променам начинот на инвестирање во текот на договорот“
1
Сигурност
100 % гаранција
2
Претпазлив
75 % гаранција и 25 % инвестициски фондови
3
Балансиран
40 % гаранција и 60 % инвестициски фондови
4
Динамичен
100 % инвестициски фондови
5
Офанзивен
100 % инвестициски фондови
Зошто 3a столбот е идеален за сложена камата?
Третиот Столб - (3a) нуди уникатна комбинација:
Долгорочна заштита
Обезбедува финансиска стабилност и сигурност на долг рок, без разлика на животните промени и економските циклуси.
Можност за мултипликација на капиталот
Преку паметно инвестирање, капиталот има потенцијал со тек на време да расте значително повеќе од обично штедење.
Редовни инвестиции
Со континуирани уплати го намалуваш ризикот и создаваш дисциплина што води кон стабилен раст.
Даночни олеснувања
Овозможуваат директно намалување на даночната основа, што значи повеќе пари остануваат кај тебе.
Третиот Столб не е само штедење. Тоа е систем и стратегија за капитал
"Свеста е првиот чекор. Незнаење е недостаток на информации"
- Колку порано започнеш:
- толку помал напор
- толку поголем ефект
- толку посигурна финансиска иднина
Сложена каматна стапка низ времето
Примерот е во период од 30 години, со 5% просечна сложена каматна стапка
1 - Годишни инвестиции
Во период од 30 години, се прават редовни уплати со вкупен износ од 90’000 CHF, без почетен капитал (0 CHF), што значи дека целиот резултат доаѓа од дисциплина и време.
2 - Инвестирање и сложена камата
Секој уплатен износ со просечна годишна стапка од
5%, која поради сложената камата реално резултира со 5.12% годишна ефективна стапка.
3 - Камата на камата (ефект на време)
Остварената добивка се додава на постојниот капитал, па секоја следна година каматата се пресметува на сѐ поголем износ – тука настанува вистинската моќ на долгорочното инвестирање.
4 - Краен резултат по 30 години
По 30 години, вкупната вредност на инвестицијата достигнува 208’931 CHF, од кои 118’931 CHF се чиста добивка, со вкупен временски принос од 346.77 %.
Период: 30 години
Инвестирани средства: 90'000 CHF
Добивка од камата: 118'931 CHF
Вкупно: 208'931 CHF
Пресметка и добивка
Се однесува на графиконот и примерот од погоре