За Нас
Нашите Почетоци
Нашата приказна започна во 2019 година со визијата на Дарко Панков да се биде препознатлив бренд на пазарот. Од скромен почеток во Фрибург, Швајцарија, изградивме доверлив тим и репутација, проширувајќи ги нашите услуги за осигурување, финансии и административна поддршка.
Мисија
Креиравме платформа која ќе им овозможи на Македонците во Швајцарија да имаат сигурен партнер на кој можат да се потпрат – кој ја разбира нивната култура, нивниот јазик и нивните вистински приоритети. Нашата мисија е да изградиме долгорочна доверба, да промовираме финансиска сигурност и да станеме столб на поддршка за секој Македонец.
Визија
Нашата визија е да станеме главен и препознатлив актер во
рамките на македонската заедница во Швајцарија.
Со искористување на врвни технологии, вклучително и вештачка
интелигенција, нашата визија е да постанеме најдоверливиот
брокерски партнер за Македонците во Швајцарија.
Нашиот Тим
Запознајте го нашиот тим
Посветени професионалци со искуство
Дарко Панков
Chief Executive Officer
Основач, консултант и главен визионер. Дарко е движечката сила зад компанијата. Се грижи да го даде најсоодветниот персонализиран совет на секој поединец или фамилија. Одговорен за целиот раст и развој на брендот.
Димитар
Administration
Тивката сила зад секој уреден процес. Димитар се грижи документите, роковите и деталите секогаш да бидат под контрола, за клиентите да добијат брза и јасна услуга.
Влатко
Client Service
Првиот глас и првото добредојде. Влатко ги води новите луѓе од првиот разговор до јасно дефиниран следен чекор. Со јасна комуникација обезбедува сигурен старт за секој што ни пристапува.
Мартин
Marketing
Идеите ги претвора во видливост. Од концепт до реализација, Мартин се грижи за брендот да зборува јасно, креативно и да остави впечаток. Луѓето веруваат во тоа што го гледаат.
Тиаго
Administrative Intern
Дел од нашиот административен тим, Тиаго обезбедува поддршка во секојдневните процеси и комуникација со клиенти на француски јазик, со посветеност и прецизност.
Наши Партнери
Ова се само еден мал дел од сите партнери со кои имаме соработка.
Вкупно имаме повеке од 75+ партнери











Повеќе од 700 фамилии и преку
2 100 луѓе - клиенти веќе ги користат нашите услуги.
Придружете се на нашиот тим - да добиете професионална услуга.