Што е дополнително осигурување?
(LCA / VVG)
Дополнителното здравствено осигурување (VVG / LCA) е доброволно осигурување кое ја надополнува основната LaMal полиса и покрива услуги кои не се вклучени во задолжителното осигурување.
Зошто постои LCA ако веќе имаш Основно Осигурување (LaMal / KVG) ?
Основното е задолжително и нуди основна минимална медицинска грижа, која не е доволна.
Што нуди дополнителното:
- избор и комфор
- флексибилност
- проширени услуги
Дополнително постои за ти даде:
- подобар квалитет на лекување
- поширок избор
- помалку лични трошоци
- повеќе комфор при лекување
Што покрива дополнителното?
Постојат многу услуги и широка палета, ова е мал дел:
Забна медицина
- контроли, пломби, коронки
- ортодонција (особено за деца)
Алтернативна медицина
- остеопатија
- акупунктура
- хомеопатија
- терапевти признати од касата
Лекови надвор од официјална листа
Лекови кои не ги покрива основното осигурување
Терапии и рехабилитација
- физиотерапија
- рехабилитациски третмани по повреда или операција
- дополнителни сесии над лимитот на LaMal
Помошни медицински средства
- ортопедски помагала
- медицински апарати
- инвалидски помагала и ортези
Транспорт и итна асистенција
- итен транспорт со брза помош
- спасување (планина, скијање, несреќи)
- репатријација во странство
Очила и контактни леќи
- делумно или целосно покривање
- одреден износ на неколку години
Болнички комфор
- полуприватна или приватна соба
- слободен избор на болница и лекар
Превентивни прегледи
- чек-апи
- вакцини
- спортска медицина
Психолошка поддршка
- психотерапија
- консултации со психолог
- поголем број на сесии од основното осигурување
Фитнес и спортски активности
- придонес за фитнес членарина или спортски клуб
- поддршка за организирани спортски активности
- субвенција за физичка активност со превентивна цел
Третмани и лекување во странство
- лекување надвор од Швајцарија
- покривање на итни случаи при патување
- специјализирани третмани недостапни локално
Основно vs Дополнително
Кои се разлики и кое ни е потребно повеќе ?
(1) Затоа што мораме
Основното е задолжително во Швајцарија. Не може да се избегне, освен да се намали легално преку...
СУБВЕНЦИИ ? Повеќе(1) Затоа што ни е потребно
Секогаш започнуваш со телефонска или онлајн консултација, а потоа те упатуваат кај лекар ако е потребно, што овозможува значителна заштеда на премијата.
(2) Исти покривања
Нема никаква разлика од покритијата што се наоѓаат во основното. А сепак цените на премиите се различни кај сите компании. Направи бесплатна АНАЛИЗА и спореди различни каси
(2) Различни покривања
Се прилагодува и адаптира според реалните потреби и желби на секоја индивидуа или фамилија.
(3) Нема одбивање
Без разлика на твојата здравствена ситуација, задолжително е да поседуваш основно осигурување. Ниту една каса нема законско право да те одбие.
(3) Има одбивање
Се базира на твојата моментална здравствена ситуација. ВАЖНО! Потребно е соодветно да ти биде адаптирано навреме во моменти кога твојата здравствена ситуација е целосно под контрола.
(4) Нема медицински прашалник
Како и во точка три (3), секако ќе бидеш прифатен - задолжително. Тоа само покажува дека приоритетот на основното е буџетот, а не твоето здравје.
(4) Има медицински прашалник
Овде, приоритет е твоето здравје. Затоа што со дополнителното обезбедуваш целосна здравствена заштита, важно им е ја знаат твојата здравствена историја. Ова покажува само колкава е важноста за дополнителното осигурување.
Направи бесплатна анализа
Адаптирај го твоето осигурување
Колку CHF чини дополнителното?
БЕСЦЕНЕТО - Здравјето не е играчка. Секогаш е приоритет
Неколку фактори од кои зависи цената:
Возраста
Колку си постар, самата премија постепено расте, бидејќи ризикот за осигурителната каса е поголем.
Услугите што ги избираш
Покривањата што ги вклучуваш (лекарства, заби, алтернативна медицина, болница). Има четири-пет услуги кои се неопходни да ги имаш (барем ако малку си го сакаш здравјето).
Здравствената состојба
За дополнително осигурување, касите можат да побараат здравствен прашалник и да одбијат или ограничат покривање.
Осигурителната каса
Секоја каса има различни услови, цени и правила за прифаќање, иако покривањата на хартија може да изгледаат слично.
Основно
- Месечната премија може да варира најчесто од 300-600 CHF
- Покривања - ниски, минимално корисни
- Задолжително - мораме да го плаќаме заради законска обврска
Запомни!
ГО ПЛАЌАШ ПОРАДИ ЗАКОНСКА ОБВРСКА
НЕ секогаш по-скапо истовремено значи по-квалитетно
300-600 < 20-70 CHF
Дознај како да ја намалиш премијата на основното, види:
Дополнително
- Месечната премија може да варира најчесто од 20-70 CHF
- Покривања - високи, максимално корисни за нашето здравје
- Неопходно - да го имаме заради наша здравствена обврска
Запомни!
ГО ПЛАЌАШ ЗА СОПСТВЕНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
20-70 CHF има 10х пати поголема вредност од 300-600 CHF
Дознај како да се заштитиш правилно, види:
Како може да се промени
Условите зависат од договорот
Регуларниот рок е до 30 септември
Double-cliquez sur une icône pour la remplacer par une de votre choix.
Доколку се искористи услуга
Dupliquez les blocs et les colonnes pour ajouter plus de fonctionnalités.
Има промена на цената на пакетот
Sélectionnez et supprimez des blocs pour enlever des fonctionnalités.
Времетраење на договор
Во најголем број каси минимум на 3 години
Transformez chaque fonctionnalité en bénéfice pour votre lecteur.
Мал број на каси кои нудат минимум 1 година
Vous pouvez modifier les couleurs et les arrière-plans pour mettre en évidence les fonctionnalités.
Што претставува АНАЛИЗА за тебе?
Бесплатна
Анализата е целосно бесплатна и без обврска, со цел да добиеш јасна слика за твоето здравствено осигурување.
Споредба на повеќе каси
Ги споредуваме понудите од повеќе здравствени каси за да го најдеме најдобриот однос цена–покривање за тебе.
Македонски јазик
Целата анализа и комуникација се одвиваат на македонски, јасно и разбирливо, без комплицирани термини.
Професионални совети
Добиваш објективни и стручни совети базирани на твојата реална ситуација, а не на продажба на одредена каса.
Поддршка низ процесот
Те водиме чекор по чекор – од анализата до финалниот избор и административната постапка.
Долгорочна соработка
Остануваме твој контакт и по изборот, за промени, прашања и оптимизација во иднина.
